ВИДЕО: „Петардата“ на Шкендија – супергол на Ибраими кој вреди да се погледне!

Шкендија повеќе од заслужено стигна до убедлива победа од 5-1 против Македонија ЃП во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во првото полувреме тетовци имаа предност од 2-0 со головите на Висар Муслиу во 42. и Бесарт Ибраими, по проигрувањето од Алими, во 45. минута.

Македонија ЃП намали во 69. минута со голот на Кировски, за да потоа следи ремек-дело на Бесарт Ибраими во 72. минута за 3-1. На крајот со два гола на Валмир Нафиу се заокружи на 5-1…

Се вчитува...