ВИДЕО: Пирова победа за Ренова….

Ренова победи со 3-2 против Шкендија во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, во натпревар преку кој не успеа да се избори за Европа но успеа да го избегне баражот за опстанок.

„Гипсарите“ имаа негатива по водството на Шкендија уште од 12. минута со голот на Љума. Но Емран Рамадани со два гола во 41. и во 44. минута донесе предност уште пред полувремето.

На крајот, во вториот дел и Усени во 77. минута стрелаше за 3-1, а Бесмир Бојку само го ублажи поразот на Шкендија за конечни 3-2.

Се вчитува...