ВИДЕО: По еден гол на двете страни, реми на „Филип Втори“…

Работнички и Силекс ремизираа (1-1) во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Силекс дојде до предност со прекрасниот гол на Бобан Георгиев уште во 13. минута откако убаво го искористи киксот на младиот голман на домашните Ристе Јанков. Но, „романтичарите“ дојдоа до реми со голот од пенал на Дејан Блажевски во 71. минута.

Головите од пресметката на „Филип Втори“ може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...