ВИДЕО: По три победи по ред, Работнички запрен од Шкупи

По три едноподруго победи во шампионатот, Работнички есенскиот дел од сезоната го затвора со неочекуван пораз од 0-2 од Шкупи на националната арена „Филип Втори“.

Чаирчани до предност дојдоа со голот на Билали во 26. минута, а конечните 0-2 ги постави Велиу со голот во 82. минута.

На крајот од есента, Работнички остана на четвртата позиција на табелата со 26 бода додека Шкупи сега се проби на 5. место со само три бода помалку.

Се вчитува...