Видео: Победничкиот гол на Екберг – славје на Кил, кошмар за Веспрем

Никлас Екберг беше човекот на одлука на Кил во вечерашното полуфинале, во кое „зебрите“ дури во продолжението го скршија отпорот на Веспрем и се пласираа во големото финале од Лигата на Шампионите.

Шведското крило блесна кога беше најважно, реализирајќи го победничкиот гол крај вечерва одличниот Коралес за огромна радост на „зебрите“ и пласман во финалето, каде ги очекува дуел со Барселона.

Екберг го заврши натпреварот со седум гола од исто толку обиди.

Се вчитува...