ВИДЕО: Погледнете ги двата гола и асистенцијата на Миовски во победата над Шахтјор Доњецк

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, вчера имаше свое „шоу“ на тренинг натпревар против Шахтјор Доњецк одигран во Анталија. Миовски учествуваше во сите три гола за МТК во победата од 3-0 над украинскиот тим.

Миовски го постигна првиот гол, потоа асистираше за вториот, а даде и трет гол. Првиот го постигна со волеј удар, додека третиот гол за својот тим по удар од белата точка, односно најпрво голманот му го одбрани ударот, а одбиената топка стигна повторно до Македонецот кој погоди во мрежата.

Погледнете ги головите:

Се вчитува...