Вардаровиот голман Давор Талевски успеа да одбрани два удари од белата точка на Шкендија на денешниот дерби натпревар од последното коло во шампионатот од Првата македонска фудбалска лига.
Во 70. минута од средбата, по интервенција на ВАР системот, судијата Ќерими оправдано досуди пенал за Шкендија при водство од 2-0 на Вардар.
И Талевски, успеа да го одбрани првиот удар од белата точка на Љатифи во 70. минута. Но, главниот судија се одлучи да го повтори пеналот, откако процени дека Талевски недозволено излегол со двете нозе надвор од гол-линијата.
Но, нема проблем за новопечениот репрезентативен голман… Талевски го одбрани и повторениот втор обид на Љатифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
