Видео: Последното полетување на хеликоптерот од стадионот на Лестер

Хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха, се урна вечерва во непосредна близина на стадионот на поранешниот првак на Англија.

Полицијата се уште нема официјален извештај околу идентитетот на жртвите, но првиот човек на клубот бил присутен на денешниот дуел со Вест хем, поради што се стравува дека тој речиси сигурно бил во хеликоптерот во моментот на несреќата.

Во меѓувреме, се појави и видео од последното полетување на хеликоптерот од центарот на игралиштето на стадионот, неполна минута пред страшната несреќа. Очевидци тврдат дека веднаш откако ја минал трибината хеликоптерот почнал да губи висина, по што во вертикален пад се урнал на паркингот за вработени во клубот, по што следела силна експлозија.

Се вчитува...