ВИДЕО: Прекрасен гол на Марио Илиевски за Кишварда и предност со Ујпешт

Македонскиот младински репрезентативец Марио Илиевски го постигна и вториот гол сезонава во дресот на унгарската Кишварда.

Во 17. коло од шампионатот на Унгарија, Илиевски постигна прекрасен погодок во 34. минута по одлична акција на домашните и асистенцијата на Бобан Николов за водство на полувремето од 1-0 на Кишварда во пресметката со Ујпешт.

Илиевски е стартер во составот на Кишварда, а од 1. минута на дуелот во дресот на домашните е и Николов.

Но, Илиевски не запре само на тоа, па во 47. минута извонредно асистираше и за вториот гол на својот тим кој го постигна Навратил за водство од 2-0.

Се вчитува...