ВИДЕО: Прецизниот проектил на Стојановски од 18 метри ги изненади „пандевци“ во Турново

Ренова сосема неочекувано има предност од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против Академија Пандев во Турново.

А, најзаслужен за предноста на „гипсарите“ е Влатко Стојановски кој во 14. минута со вистински евро-гол од 18 метри донесе водство за својот тим…

Ренова во Турново е предводена од спортскиот директор Лирим Саити, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Јетон Беќири си поднесе оставка.

Се вчитува...