ВИДЕО: Промаши пенал во финалето на ФА Купот, но Мармуш постигна ГОЛЧИШТЕ против Борнмут!

Омар Мармуш, напаѓачот на Манчестер Сити вечерва против Борнмут постигна еден од најубавите голови во Премиерлигата, и воопшто во Европа во оваа сезона.

Египѓанецот промаши пенал во финалето на ФА Купот против Кристал Палас, кога ударот му беше одбранет од Хендерсон, меѓутоа вечерва успеа да постигне прекрасен погодок. Од повеќе од 30 метри, Мармуш ја искина пајажината од голот на Кепа, за водство на Манчестер Сити.

Се вчитува...