Поранешниот македонски репрезентативец Јован Костовски го постигна својот деби погодок во дресот на Етникос Ахна во кипарскиот шампионат.
Во македонскиот дуел од првенството на Кипар, Костовски беше стрелец во 39. минута на единствениот гол за Етникос во ремито на гостувањето против Докса.
- Погодокот на Костовски е на временскиот исечок 1:05…
За Етникос Ахна настапија и голманот Мартин Богатинов како и дефанзивецот Бојан Марковски, додека во дресот на Докса цел натпревар одигра Душан Трајчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА