Видео: Првиот гол на Меси за Барса, постигнат пред точно 13 години

Лионел Меси пред точно 13 години, на дуелот Барселона – Албасете влезе во игра во второто полувреме, а потоа во судиското продолжение на асистенција на Роналдињо го лобуваше гостинскиот голман.

Навивачите го славеа голот на младиот Аргентинец, но никој не можеше ни да помисли дека за 13 години Меси ќе стане алфа и омега во Барселона, со бројни трофеи и 550 погодоци во дресот на каталонскиот гигант.

А се почна со ова мало ремек-дело на тинејџерот од Аргентина.

Се вчитува...