ВИДЕО: Ракип во неверување и солзи го напушти теренот

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип вчера мораше да го напушти теренот предвреме на дуелот со АИК Стокхолм. Во 41. минута излезе од теренот, откако доби удар од еден противнички играч.

Играчот од средниот ред во неверување, во шок и во солзи го напушти теренот. На негово место влезе Ола Тоивонен, повратникот во дресот на Малме.

Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат дали и колку ќе паузира Ракип, но според првите прогнози станува збор само за кратка пауза.

Се вчитува...