ВИДЕО: Ракометарите во транс…, во радоста се читаше „глад за успех“ како никогаш досега!

Повеќе од еуфорично вардаровите ракометари заедно со своите фанови во „Ланксес арената“ во Келн го прославија пласманот во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

Начинот на кој славеа со навивачите на крајот јасно ја покажува сета „глад“ на „вардарци“ за овој успех токму оваа сезона кога повеќе од девет месеци се соочува со сериозни проблеми во функционирањето на клубот. На крајот го покажаа сиот свој карактер, цврстина, срце и желба да се успее…

 

Се вчитува...