Видео: Ремек-делото на Спировски на камбекот по 10 месеци пауза

Стефан Спировски имаше извонреден камбек на терените по тешката повреда на коленото, откако македонскиот ас на првиот меч по десетмесечна пауза веднаш се запиша во листата на стрелци. И тоа со фантастичен погодок, откако Спировски втрча во празно, па со прекрасен удар од дваесетина метри преку противничкиот голман ја смести топката во мрежата.

Ференцварош го загуби натпреварот со Академија Пушкаш со убедливи 4-1, а единстениот светол момент на актуелниот унгарски првак беше токму ремек-делото на македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...