ВИДЕО: Реми на Шкупи – мајсторска акција и деби гол на Вујчиќ

Шкупи ремизираше (1-1) со украинскиот прволигаш Черноморец Одеса на пријателскиот натпревар кој се одигра во Анталија.

Украинците дојдоа до предност со голот на Мусолитин во 26. минута, а по грешката на голманот на чаирчани Суад Зендели кој киксираше…

Сепак, до заслужено израмнување Шкупи стигна по одличната акција во 80. минута која со убав шут од 15 метри ја круниса засилувањето Стефан Вујчиќ за свој деби гол во новиот клуб…

Тренерот Адријан Нухиу денешниот натпревар против Украинците го почна во следниот состав. Зендели, Рамадани, Малиќи, Љамчевски, Броа, Ндонг, Кривањева, Илијоски, Адем, Стојкоски и Гомис.

Се вчитува...