ВИДЕО: Ренова почна да победува – Стојановски и Гафури за пресврт триумф против Победа

Ренова ја запиша и втората едноподруго победа во домашниот шампионат, славејќи со 2-1 во Тетово против прилепска Победа, па сега со 19 бода се искачи на четвртата позиција по 14 одиграни кола.

А, „гипсарите“ имаа негатива во првото полувреме откако гостите дојдоа до предност со голот на Ѓорѓи Танушев. Но, во последните секунди од првиот дел израмни Влатко Стојановски, за да триумфот дојде со голот на Арѓен Гафури во 85. минута…

Се вчитува...