ВИДЕО: Репрезентативците го одработија првиот тренинг на собирот за дуелите со Лихтенштајн и со Германија

Македонските репрезентативци попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одработија првиот тренинг за време на октомврискиот собир пред натпреварите со Лихтенштајн и со Германија во квалификациите за СП 2022.

Селекторот Благоја Милевски на располагање ги имаше сите повикани фудбалери вклучувајќи го и дебитантот Ердал Ракип од Малме.

 

Единствено ќе недостасува Енис Барди кој поради повреда мора да го пропушти октомврискиот квалификациски прозорец.

Се вчитува...