ВИДЕО: Ревија на огромни промашувања и фантастични одбрани во Ѓорче Петров

Неверојатните одбрани на голманот на Македонија ЃП Христијан Стевковски, но уште поневеројатните промашувања на фудбалерите на Шкендија, придонесоа резултатот да биде само 1-1 на натпреварот од 26. коло во Првата лига.

Тетовскиот тим беше блиску до нова предност, и покрај тоа што имаше играч помалку, но неверојатни шанси не реализираа играчите на „црвено-црните“. Промашуваа празен гол во 2-3 наврати.

Голманот Стевковски во првиот дел во една акција одбрани дури четири обиди на тетовскиот тим, и практично беше најзаслужниот што тетовскиот тим не дојде во предност. Исто така и Македонија ЃП имаше уште две чисти шанси покрај постигнатиот гол, но не успеа да реализира.

Се вчитува...