ВИДЕО: Ревија на супер-погодоци… И Рајковиќ од Силекс со „проектил“ во триумфот над „пандевци“!

Одлични погодоци попладнево во 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Покрај оние две ремек-дела кои ги сервираа Муарем Бајрами и Дарко Мицевски во пресметката меѓу Шкупи и Вардар, дефинитивно за издвојување е и голот на Марко Рајковиќ од Силекс кој во 26. минута погоди за 1-0 во пресметката против Академија Пандев…

Силекс, потоа, до крајот стигна до повеќе од значајна победа од 3-0 против „пандевци“ во битката за опстанок. На 2-0 зголеми Дејан Благојевиќ а за 3-0 во 79. минута повторно погоди Рајковиќ.

Се вчитува...