ВИДЕО: Ристовски херој на Ријека, а за малку ќе беше – трагичар!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е херојот во пресврт победа на Ријека од 2-1 против Локомотива Загреб, со која неговиот тим веќе сериозно граби кон шампионската титула во Хрватска зачувувајќи шест бода предност во однос на Динамо Загреб.

Ристовски беше најдобриот поединец на мечот меѓу Ријека и Локомотива Загреб, константно истакнувајќи се со бројни продори кон противничкиот гол, притоа извонредно асистирајќи и при двата погодоци на Ријека.

Но, Ристовски лесно можеше да биде и трагичар на натпреварот откако по водството на гостите во 36. минута се впушти во судир со противничките фудбалери. Лесно можеше да добие директен црвен картон, но главниот судија Горан Габрило од Сплит се одлучи да го опомене со жолт картон. Сепак, поради овој картон Стефан Ристовски ќе мора да го пропушти дербито со Хајдук следното коло…

Се вчитува...