ВИДЕО: Сашко Пандев, по големиот кикс на „романтичарите“, го отвори патот за триумф

Академија Пандев веќе со сигурност ќе си го обезбеди третото место во годинашнава сезона од Првата лига откако во 31. коло славеше со 3-1 против Работнички.

Патот до триумфот беше отворен во 33. минута кога Сашко Пандев го искористи големиот кикс на одбраната на гостите и постигна гол за 1-0.

Во второто полувреме за „пандевци“ стрелааа уште Дориев од пенал и Стојковски во финишот, а стрелец на единствениот гол за Работнички беше Оливер Пеев.

Се вчитува...