Видео: Секоја чест за Комити – Вардар се сака и кога победува, но и кога губи

Ракометарите на Вардар беа видно разочарани по поразот на вечното дерби со Еурофарм Пелистер, со кој значително си ја искомпликуваа одбраната на титулата.

Сепак, нивните верни навивачи, популарните „Комити“ најдобро покажаа што значи да се биде зад тимот, како во победите, така и во поразите, со поддршката што им ја дадоа на „црвено-црните“  по крајот на мечот.

„Шампиони, шампиони“, ечеше во „Јане Сандански“ и покрај поразот, а нема дилема дека ваквата поддршка од најверните фанови ќе биде мотив повеќе Вардар да го возврати ударот на последното дерби во Битола, на кое ќе мора да стигне до триумф ако сака да остане на тронот на македонскиот ракомет.

Се вчитува...