ВИДЕО: Секундите за инфаркт во „Морача“…

Кошаркарите на Будуќност носени од домашните навивачи во „Морача“ дојдоа до победа од 78-77 за водство од 2-1 во финалната серија против Црвена Звезда од АБА лигата.

Вистинска драма се случуваше во финишот. Црвена Звезда имаше и напад за победа. Џејмс Фелдин се најде во позиција за три поени на четири секунди пред крајо, но промаши. Сепак, до одбиената топка дојде Лесорт кој имаше лесна задача да положи но не успеа, за да Црногорците дојдат до голема победа и неизмерна радост.

Будуќност сега е на една победа од трофејот во АБА лигата. Четвртиот натпревар е вечерва од 21 часот исто така во Подгорица.

Се вчитува...