ВИДЕО: Селекторот Милевски ги пречека репрезентативците: Почнува операцијата „пласман на СП 2022“!

Македонскиот селектор Благоја Милевски и неговиот стручен штаб, сега засилен и со поранешниот репрезентативен голман Томе Пачовски, во хотелот „Хилтон“ во Скопје ги пречека репрезентативците на стартот на собирот за полуфиналната бараж-пресметка против Италија во обидот за пласман на СП 2022.

Македонија ја очекува еден од најважните натпревари во нејзината фудбалска историја, па токму пратени токму и од значањето на дуелот низ максимално ведро расположение репрезентативците го означија почетокот на собирот пред дуелот во Палермо.


По денешниот собир, првиот тренинг е планиран за утре со почеток од 17 часот на тренинг комплексот на ФФМ.

Македонската репрезентација за Палермо ќе патува во вторник во вечерните часови, а дуелот со Италија е закажан за 24. март со почеток од 20:45 часот на „Ренцо Барбера“.

Се вчитува...