Видео: Шахтјор е кошмар за Реал Мадрид

Шахтјор е вистински кошмар за Реал Мадрид откако украинскиот шампион славеше и на вториот овосезонски дуел со шпанскиот гигант, овојпат во Украина со 2-0, дополнително компликувајќи ја борбата за пласман во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.

Марко Асенсио имаше две убави шанси, при првиот обид го погоди дирекот, при вториот одлично интервенираше голманот на Шахтјор. Украинците трпеливо чекаа да им се отвори простор, а потоа знаеја како да ги искористат шансите што им се укажаа, Дентињо го отвори резултатот по грешката на Варан, а конечните 2-0 ги постави Саломон.

Салцбург се искачи на третото место во својата група по триумфот од 1-3 на гостувањето против Локомотив Москва. Бериша со два гола го најави триумфот на австрискиот првак, домаќините намалија од пенал, а конечните 1-3 ги постави Адејеми во 81. минута.

Се вчитува...