ВИДЕО: Шест гола во Прилеп – Бубања стартуваше со триумф!

Новиот шеф на стручен штаб на Победа, Црногорецот Славољуб Бубања стартуваше со триумф на клупата на прилепскиот прволигаш откако го презеде во понеделникот.

Победа, во голеадата во Прилеп, славеше со 4-2 против Скопје. Гешоски од пенал погоди во 29. минута, а откако Џугурдиќ израмни во 40. минута, во првата минута од судиското продолжение Илиески носи повторно водство за домашните.

Во 49. минута Цветаноски се запишува во листата на стрелците за 3-1, за да повторно се врати надеж за Скопје во 55. минута со автоголот на Ристевски. Но, Борче Маневски во 93. минута ги постави конечните 4-2.

Се вчитува...