ВИДЕО: Шкендија е уживање за гледање… Битолчани со аплаузи на отворена сцена за тетовци!

Шкендија го одигра еден од најдобрите свои натпревари сезонава во Првата македонска фудбалска лига веројатно најавувајќи го веќе се поизвесното освојување на шампионската титула. Во Битола тетовци славеа против Пелистер со убедливи 0-6 (0-3) во партија за паметење…

Шест прекрасни гола, по акции од учебници и проектили од далечина запишаа фудбалерите на Шкендија за секој добивајќи аплаузи на отворена сцена од објективната битолска публика…

Најпрво во 29. минута Бојку го отвори резултатот, во 37. минута на 0-2зголеми Фазлагиќ а во 42. минута и Бејтулаи постигна прекрасен погодок со шут од 15 метри. Во второто полувреме во 58. минута Жуниор зголеми на 0-4, па следеше проектилот на Алими во 62. минута од 30 метри и на крајот сето тоа го заокружи Марјан Радески со голот во 64. минута…

Се вчитува...