Шкендија води со 0-2 на полувреме во Струмица на дуелот против АП Брера, и се наоѓа многу блиску до победата. Тетовскиот тим премногу лесно стигна до оваа предност, која сега само треба да ја задржи во вториот дел.
Првиот гол падна во 12. минута, на многу чуден начин. Долга топка од Вебстер, и лоша проценка на голманот Илоски и одбраната на Брера, па Адеми со глава само ја спроведе во голот.
Вториот гол беше дело на Ване Крстевски во 26. минута од средбата. Откако доби топка од десната страна, Крстевски го совлада Илоски. Голманот на АП Брера имаше уште две успешни интервенции, особено онаа во дуелот против Спахиу кога му одбрани удар од 5-6 метри.
До голот доминираше АП Брера, а потоа откако поведе, Шкендија целосно ја презеде контролата и беше поблиску и до трет гол, отколку АП Брера што беше блиску до намалување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

