ВИДЕО: Шкендија не греши во Прилеп – Хасани и Ибраими за +11 од Вардар!

По победата на гостувањето против Победа во Прилеп од 0-2, лидерот Шкендија сега е на +11 бода од Вардар во трката за шампионската титула, откако бранителот на титулата и трет едноподруго натпревар не знае за победа, ремизирајќи без голови на гостувањето против Силекс во Кратово.

Триумфот за Шкендија во Прилеп го донесоа Ферхан Хасани со гол од пенал во 11. минута, и Бесарт Ибраими со погодокот во 94. минута за запечатување на трите бода…

Се вчитува...