Најголемите возбудувања во првиот половина час од денешните натпревари од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига во Кавадарци.
Тиквеш ја шокираше Шкендија со голот на Спахиу во 19. минута за водство од 1-0.
Но, тетовци многу брзо израмнија, повторно по прекин, по корнерот од левата страна Ферхан Хасани во 22. минута со глава погоди за израмнување на дуелот…
На останатите натпревари единствено Академија Пандев од 12. минута води на натпреварот против Скопје во Струмица со голот на Митровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА