ВИДЕО: Шкупи и Гостивар брзо дојдоа до предност против Македонија ЃП и Тиквеш

Шкупи и Гостивар брзо дојдоа до предност на натпреварите против Македонија ЃП односно Тиквеш во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани на домашен терен до водство од 1-0 против Македонија ЃП дојдоа со голот на Дуду уште во 4. минута од средбата.

Гостивар, пак, со убав гол со глава на Алпер Потук во 5. минута дојде до предност на дуелот со Тиквеш…

Денеска се играат три натпревари од 27. коло во ПМФЛ, а останатите три се играат утре.

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (прво полувреме)
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 0-0
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Дуду 4′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 1-0
Алпер Потук 5′
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Се вчитува...