ВИДЕО: Шкупи со сомнителен гол во 92. минута, за реми со Силекс

Силекс прокоцка огромна шанса да дојде до победа на стартот од пролетниот дел од сезоната. Во 19. коло, Силекс на домашен терен ремизираше (2-2) против Шкупи иако имаше предност и од 2-0.

Силекс поведе уште во првото полувреме со погодоците на Бобан Георгиев во 20. минута и српското засилување Марко Рајковиќ во 40. минута. Но, Шкупи најпрво намали со автоголот на Стефан Коцев во 76. минута, а потоа до бод дојде во 92. минута со погодокот на Артан Велиу.

Сепак, израмнувачкиот гол на Шкупи е крајно сомнителен поради играњето со рака во домашниот шеснаесетник на фудбалер на чаирчани со што се продолжи акцијата по која потоа следеше израмнувањето на Велиу…

Голот на Артан Алиу за бод на Шкупи може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...