ВИДЕО Шок и неверување: Страшна повреда на германската ракометна ѕвезда

Страшна повреда се случи на вчерашниот ракометен натпервар во Лигата на шампионите помеѓу Веспрем и Фуксе Берлин, во рамките од шестото коло од најелитното клупско натпреварување во Европа.

Гостите на крајот триумфираа со 32-31, но тимот од Берлин останува без еден од своите најдобри ракометари.

При израмнет резултат 7-7, Фабијан Виде заработи сериозна повреда на коленото по незгодното слетување. 31-годишниот германски репрезентативец и еден од клучните играчи веднаш побара помош, и со носилки беше изнесен од теренот, а сите во неверување се држеа за глава после оваа повреда.

Не е позната тежината на повредата, но според првите проценки, станува збор за кинење на лигаментите на коленото, со што за Виде се чини дека сезоната е завршена.

Страшната повреда на Фаби Виде може да ја погледнете ТУКА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dyn Handball (@dynhandball)

Се вчитува...