Видео: Шоуто на Војдан Стојановски на дуелот со Ле Ман

Војдан Стојановски експресно се наметнува како лидер на тимот на По Ортез, откако со извонредна партија му донесе триумф на својот тим над Ле Ман.

Капитенот на македонската репрезентација одигра фантастично, постигнувајќи 21 поен, пет асистенции и три скока. По Ортез денеска објави и видео-компилација од настапот на Стојановски, кој со вакви игри сигурно ќе се избори и за продолжување на престојот во По Ортез, откако неодамна потпиша договор на два месеци со овој клуб.

Се вчитува...