ВИДЕО: Штербик го „фрустрира“ Хансен… Вардар во ритам за титула!

Арпад Штербик е убедливо најдобриот поединец во вардаровиот состав по првото полувреме од финалето на Ф4 во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион има негатива од 12-11 на полувремето, и тоа само поради падот во играта во последните пет минути од првиот дел. Вардар имаше предност и од 8-10, во моментите кога на голот царуваше Арпад Штербик.

Голманот на Вардар најпрво го фрустрираше Хансен…

А, потоа и одбрани пенал, за одржување на ритамот за титула…

Остануваат уште 30 минути на патот кон ИСТОРИЈАТА!

Се вчитува...