ВИДЕО: „Шверцерите“ веќе ја загреаја атмосферата пред мечот со Пјуник – Шкупи чека 15.000 навивачи на „Тодор Проевски“

Најверните навивачи на Шкупи, „Шверцерите“ веќе максимално ја загреаја атмосферата пред реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против ерменски Пјуник.

На арената „Тодор Проевски“ се е во знакот на навивачите на Шкупи. Од клубот, пак, откако се одлучија на популарен чекор за бесплатен влез на натпреварот, очекуваат присуство на околу 15.000 навивачи колку што резервирале билети.

Шкупи од првиот натпревар во Ереван има 3-3, со реални шанси за пласман во следната квалификациска рунда.

Се вчитува...