Видео: Сирената означи крај – фештата во Аеродром можеше да почне

МЗТ Скопје по неколкугодишна пауза успеа да се врати во АБА1-лигата откако вечерва во драматичен дуел славеше над Широки Бријег и се пласираше во големото финале на завршниот турнир.

Атмосферата во „Јане Сандански“ беше фантастична од почеток до крај, а „аеродромскиот вулкан“ еруптираше по двете прецизни слободни фрлања на Војдан Стојановски, со кои предноста се искачи на недостижни „плус четири“.

Јасно е дека овој успех ќе се слави долго во ноќта, МЗТ повторно ќе биде дел од кошаркарската елита во регионот, како прв предзнак за кревање на мак-баскетот од летаргијата што го зафати овој спорт со години наназад.

Се вчитува...