ВИДЕО: Сите голови на Македонија од првиот дел со Исланд – Колев одличен на голот, Кире „бомбардира“

Македонската ракометна репрезентација игра рамноправен натпревар со Исланд во последното коло од групната фаза на Светското првенство во Франција. По првото полувреме имаме негатива од два гола (13-15), но со отворена надеж во вториот дел да се стигне до посакуваниот триумф…

Имавме одличен старт до 4-0, по трите едноподруго одбрани на Колев, но Исланѓаните се вратија со серија од 2-9, за водство од 6-9. Потоа нештата во свои раце ги презеде капитенот Кире Лазаров, па повторно се вративме во игра, благодарение и на извонредните одбрани на голманот Колев. Откако стигнавме потоа и до 11-11, само поради техничките грешки во нападот дозволивме Исланѓаните на полувреме да заминат со предност од 13-15…

Погледнете ги сите наши погодоци во првото полувреме од дуелот со Исланд, и седумте одлични одбрани на голманот Колев…

Се вчитува...