Видео – Скијаше во погрешен правец и остана без медал – Рибер е најголемиот лузер на ЗОИ во Пекинг

Норвежанецот Јарл Магнус Рибер е најголемиот лузер на Зимските Олимписки Игри во Пекинг откако со неверојатна грешка остана без медал во нордиска комбинација.

Тој беше убедливо најдобар во ски-скоковите и влезе во трката во нордиско скијање на десет километри, со предност од 44 секунди во однос на најблискиот ривал. Хаваријата за Рибер настана кога тој од стартот на трката почна да скија во погрешен правец, а кога веќе забележа беше предоцна, ривалите успеаја да го минат, оставајќи го без олимписки медал, со само осмо освоено место.

Оправдување за Рибер е што тој беше позитивен на коронавирус по доаѓањето во Пекинг, па ги пропушти тренинзите и денешната трка му беше прво излегување на патеката за нордиско скијање.

Погледнете како изгледаше моментот кога Норвежанецот конечно увиде дека треба да се сврти и да скија во обратен правец од оној во кој се имаше упатено…

Се вчитува...