ВИДЕО: Снимки од несреќата во Лестер, бројни навивачи од утрово пред стадионот…

По несреќата која синоќа се случи во Лестер, бројни навивачи на англискиот премиерлигаш од утрово се околу стадионот собирајќи се во страв дека животот го загубиле и членови на нивниот клуб меѓу кои и сопственикот Вишаи Шривадханапрабха.

За Шривадханапрабха веќе и категорично се тврди дека бил во хеликоптерот но се очекува официјалната информација кој уште бил со него. Се стравува дека во него бил и менаџерот на клубот Клод Пуел, како и ќерката на сопственикот на Лестер.

„Никој од тоа не може да излезе жив“ – велат сведоци на страшниот пад на хеликоптерот кој полета од центарот на стадионот веднаш по мечот меѓу Лестер и вест Хем.

Се наведува дека хеликоптерот е проектиран за шест патници и двајца членови на посада. Во меѓувреме беше соопштено дека причина за уривањето е дефект во моторот кој откажал веднаш по полетувањето. Хеликоптерот се запалил во лет и веднаш се срушил…

Се вчитува...