ВИДЕО: Со една иста „шема“ на двојката Миовски и Гафури, Ренова го реши Вардар

Ренова повеќе од заслужено, комплетно надигрувајќи го Вардар, славеше со 2-0 во 22. коло од ПМФЛ против лидерот во македонскиот шампионат. Со една иста „шема“ од двојката Миовски и Гафури, а реализирани во два наврати, „гипсарите“ дојдоа до победата.

Уште во 5. минута, Миовски соборен во шеснаесетникот од голманот на Вардар, Гачевски, а сигурен реализатор на ударот од белата точка Гафури за водство од 1-0…

Сосема идентично и во 62. минута. Миовски, овој пат, соборен од Новак, а Гафури повторно го надмудри Гачевски…

Се вчитува...