ВИДЕО: Спектакуларен гол на Игнатов од 30 метри – Неверојатен пресврт на Силекс во Струга од 2-0 до 2-3!

Кратовски Силекс има водство од 2-3 по еден час игра на натпреварот против Струга ТЛ од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига, и тоа благодарение на неверојатниот пресврт на почетокот од второто полувреме.

Струга ТЛ имаше водство и од 2-0 по само 35 минути игра со головите на Бесарт Ибраими и Марјан Радески.

Но, потоа следеше „рапсодијата“ на кратовци. Најпрво уште во првото полувреме Леонид Игнатов намали на 2-1.

А, потоа во 48. минута Игнатов постигна вистински евро-гол со феноменален шут од 30 метри за 2-2.

Веќе во 52. минута Антонио Каланоски постигна гол и за водство на Силекс од 2-3.

Се вчитува...