ВИДЕО: Спектакуларен гол во Трета лига на БиХ – Со „ножички“ од 16 метри!

Во натпреварот од 28. коло во Втората лига – Запад на БиХ, која е трета по квалитет лига во босанскиот фудбал, Братство од Босанска Крупа славеше со 4-1 против Слога БО.

Но, мечот остана запаметен само поради погодокот во 87. минута од средбата.

Исак Џанан постигна спектакуларен гол со „ножички“ откако сам си ја подигна топката по додавање зад грб на работ на шеснаесетникот. Неверојатен погодок кој потоа откако беше споделен доби повеќе од еден милион прегледи во само три дена…

@__ishak__97__ #gnkbratstvo1918bosanskakrupa #fypシ ♬ Merccedecc

Се вчитува...