ВИДЕО: Спектакуларен нокаут на „ММА Докторот од Србија“ – Се завршено експресно брзо!

Српскиот ММА борец Урош Медиќ го нокаутира Муслим Салихов во првата рунда синоќа на ММА настанот во Лас Вегас.

Урош Медиќ влезе во мечот против Муслим Салихов како мал фаворит, но сè во октагонот беше многу краткотрајно, бидејќи „Докторот од Србија“ сè заврши по една минута. Уште од самиот почеток на борбата, српскиот борец го наметна својот ритам, Салихов заврши на подот и тоа беше крајот на борбата.

„Гарантирано ќе ме видите во Топ 15. Не ме интересираат парите, моите нокаути се спектакуларни. Секогаш ќе правам вистинско шоу“, рече Медиќ по настапот.

Српскиот борец ја освои својата 12-та ММА победа, а има и три порази. Ова е неговата десетта победа со нокаут.

Се вчитува...