Видео: Страшен судир на Маркус Ериксон на тренингот во Монца

Вториот слободен тренинг на патеката Монца пред италијанското гран-при мина во знакот на страшното излетување и судир на Маркус Ериксон, кој по стартно-целната рамнина ја загуби контролата над болидот. Следеше превртувaње во воздухот и демолирање на болидот, но за среќа Ериксон спаси жива глава, минувајќи без посериозни повреди од целокупниот инцидент.

Се вчитува...