ВИДЕО: Страшна повреда на Миовски – Првите информации од Шкотска говорат за скинати лигаменти, го чека долга пауза

Тешка повреда за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој сосема извесно ќе ги пропушти двата квалификациски натпревари на Македонија против Украина и против Англија во јуни!

Одличниот напаѓач вечерва мораше да го напушти теренот во 31. минута од натпреварот на Абердин при водство на неговата екипа против Сент Мирен, откако противничкиот фудбалер Тјери Смол жестоко стартуваше, по што по проверка на ВАР доби директен црвен картон.

Се вчитува...