Францускиот интернационалец Кинсли Коман заработи сериозна повреда на коленото на вечерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Тотенхем (3-1). Тој беше стрелец на првиот гол за домашниот тим во 14.минута, но десет минути подоцна при еден спринт сериозно се повреди и најверојатно го скина лигаментите на коленото.
Коман и претходно имаше тешки повреди во кариерата и најави дека ќе стави крај на активното играње фудбал доколку уште еднаш му се случи сериозна повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА