ВИДЕО: Струмица го слави Балдовалиев – втора победа на „пандевци“!

Академија Пандев стигна и до втората победа во домашниот шампионат, славејќи во 4. коло против Ренова на стадионот „Младост“ во Струмица со 1-0.

Стрелец на единствениот гол за „пандевци“ беше Зоран Балдовалиев од пенал во 61. минута, откако претходно сосема оправдано беше покажан удар од белата точка по игра со рака на дефанзивец на „гипсарите“…

Се вчитува...